Ковачевски го ставил на „тапет“ Курти во Атина

Според српските медиуми кои пренесуваат изјава на нивниот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го ставил на „тапет“ косвскиот колега Аљбин Курти за време на собирот на лидерите од Западен Балкан во Атина, каде се присутни и челници на Европската Унија. Македонскиот премиер Ковачевски бил единстевениот кој остро го критикувал Курти поради случувањата за време на неговата неодамнешна приватна посета во Тетово и Чаир.

Вучиќ посочил дека на средбата во Атина, Ковачевски жестоко реагирал за она што Курти го направил во Тетово.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial