Пораката претседателката на ЕК ја испрати преку објава на Твитер, а доаѓа по нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски вчера во Атина
Ковачевски во интервју за МИА од Атина, исто така се осврнува на средбата со Фон дер Лајен, велејќи дека и двајцата изразиле задоволство што процесот на уставните измени започна успешно во македонскиот Парламент и надеж дека пратениците во Собранието ќе имаат визија и храброст да донесат важна одлука за продолжување на на европската интеграција на земјава
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во објава на својот твитер-профил денеска изрази надеж дека сите партии во македонскиот парламент ќе ги поддржат уставните измени и патот на земјата кон Европската Унија.