Нова учебна година, проблемите стари – пак ќе нема учебници во септември, одговорност од МОН нема

  • Со учебниците за трето сме во напредна фаза на изработка и одобрување, споредбено со оние за шесто одделение, a очекуваме сите учебници во овие две одделенија да бидат одобрени и испорачани набрзо по стартот на новата учебна година. Дотогаш ќе се користат помошни материјали кои ги изработува БРО и ќе бидат достапни во електронска форма, велат од Министерството за образование и наука.

Историјата за петто одделние уште не е готова, заради бугарските диктати, па петтоделенците пак ќе учат од фотокопирани материјали. Дека е учебниците ќе доцнат потврдија од МОН, од каде смируваат дека ќе стасаат со мало задоцнување.

Што се однесува до книгите за прво, второ, четврто одделение, веќе биле стигнати и децата ќе ја почнат новата учебна година со нови учебници по сите предмети. Во седмо, осмо и деветто одделение ќе се користат веќе одобрените учебници од изминатите години, а тиражот ќе биде надополнет со новоиспечатени комплети колку што училиштата побарале во мај.

Инаку, проблемот со доцнењето на учебниците беше главна тема на муабет и минатата учебна година, кога на неколку дена пред почетокот на летниот распуст, стигнаа учебници по македонски јазик за децата од 5-то одделение. Проблем имаше и со набавката на свидетелства, кои наместо во јуни, беа поделени во септември.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial