Гвардиола по триумфот во европскиот Суперкуп жестоко ја нападна – Премиер лигата

Екипата на Манчестер сити со синоќешната победа на пенали против Севилја дојде до првиот трофеј во европскиот Суперкуп во клупската историја, што беше вкупно 15. пехар за тренерот Пеп Гвардиола за време на престојот во англискиот тим.

Но, Шпанецот по мечот во Атина покрај радоста за остварениот успех ја искористи можноста да ги нападне предводниците на Премиер лигата поради терминот на средбата од втората рунда.

„Треба да се рехабилитираме што е можно побрзо и тоа од тука. Ѝ се заблагодарувам на Премиер лигата што ни овозможи да играме в сабота, а не еден или два дена подоцна. Ви благодарам многу за вашите напори“, саркастично рече Гвардиола.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial