Првото лансирање на севернокорејски воен сателит во мај заврши неуспешно, но Северна Кореја вети дека наскоро ќе испрати втор сателит во орбитата, пренесува Ројтерс.

Јо Санг-бум, член на јужнокорејскиот парламент, им изјавил на новинарите по состанокот со шефот на тамошната разузнавачка агенција дека има шанси новиот сателит да биде лансиран во чест на прославата на годишнината од основањето на земјата на 9 септември, доколку се сите недостатоци бидат отстранети
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун веќе најави дека за неговата земја е приоритет лансирањето на овој сателит.
Во знак на протест против претстојниот трилатерален самит меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија, властите на изолираната земја се подготвуваат и за воена акција, вклучително и лансирање на интерконтинентална балистичка ракета.