Американски крипто – крал со бугарско потекло пронајден распачен и фрлен во тоалет во стан во Софија

Посмртните останки на Кристијан Пеев (41), кој имал американско и бугарско државјанство, биле пронајдени во цевките од тоалет откако биле повикани водоводџии за да расчистат блокиран одвод, објави британскиот весник Мирор.

 

Пеев дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август и дека наводниот убиец е Веско Валчинов, со кого се запознал пред околу шест години.

Извештаите за околностите на убиството имаат страшни детали. Локалните медиуми соопштија дека наводниот убиец ја убил својата жртва со тегови и го исекол телото во бањата пред да фрли некои парчиња во тоалетот.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial