Возилата на тројца туристи, двајца од Србија и еден од Македонија, пред три дена целосно изгореа. Инцидентот се случил во приватна вила на островот Лефкада, објави српски Курир . Порталот го цитира Марко Тодорчевиќ (38) од Белград, чиј „голф“ целосно изгоре, кој се сомнева дека пожарот бил подметнат. Трите возила биле паркирани едно до друго.
Во пожарот изгоре и возилот „фиат кумбро“ на српски државјанин од Нови Сад.
„Дојдовме на одмор на 31 јули и сѐ беше навистина супер, одлично си поминавме, до 9 август кога се разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Кога излеговме го видовме пожарот и беше страшно“, изјави Тодорчевиќ за српски Курир.
Пожарникарите го изгаснале пожарот, но автомобилите се целосно изгорени. Сопствениците на опожарените автомобили дале изјава во полициска станица и веќе се вратени во нивните земји.