По повод 13 август- Меѓународниот ден на волците, во Зоолошката градина, в недела од 10:30 часот пред живеалиштата на двата вида волци (три од едниот и пет од другиот вид на бели волци), ќе се организира едукативен час – Keeper talks , со ветеринарот – едукатор во Зоолошката, Александар Глигоров.
Меѓународен ден на волците -13 август е воспоставен за да се сврти вниманието на светската јавност за важноста на ова по многу нешта карактеристично диво животно – волкот и неговото екобалансирање во природата.