Лесните летни оброци кои не бараат многу подготовка се сѐ што посакуваме овие денови, а ова песто од тиквички е токму тоа. Лесно се подготвува, не бара уклучување на шпоретот или рерната и најдобро од сè – можете да го подготвите во поголеми количини и ќе биде готов за јадење директно од фрижидер. Можете исто така да го замрзнете и да уживате во свежо песто во текот на целата година.
Состојки:
- 200 гр тиквички
- 1/2 лажичка сол
- 30 гр рендан пармезан
- 30 гр пекорино сирење
- 125 гр маслиново масло
- 30 гр ореви
- 1 китка свеж босилек
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, па оставете ги 30 минути да се ослободи вишокот вода.
Тиквичките исцедете ги и ставете ги во блендер, па додајте ги останатите состојки и половина од количината масло.
Измешајте ги состојките додека не се соединат, а потоа додадете го остатокот од маслото и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Послужете со интегрални тестенини или со здрави грицки и зеленчук.
Добар апетит!