Османи-Нуртлеу: ОБСЕ ќе продолжи да нуди решенија за поголема…

Во пресрет на посетата на Централна Азија, министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ одржа заедничка прес-конференција со колегата од азахстан, Мурат Нуртлеу. На прес-конференцијата, како што соопшти МНР се говорело за безбедносните пердизвици со кои се соочува Централна Азија.

 

 

Османи истакнал дека ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците.

 

И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе продолжи координирано да работи и да нуди решенија што ќе значат поголема сигурност за луѓето од поширокиот регион на Централна Азија – изјави Османи.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial