Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје неделава подигна вкупно 45 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во близина на Македонска куќа во општината Карпош, на улицата „Славеј планина“ во општината Чаир, како и на повеќе локации во општината Кисела Вода.
Еко-патролата на Комунална хигиена врши надзор врз неколку микролокации на улицата „Петар Манџуков“ во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. Реализирани се и едукативно-информативни активности со повеќе лица коишто се забележани при кршење на Законот за јавна чистота, преку одлагање отпад надвор од наменски поставените садови, соопшти ЈП Комунална хигиена