Перењето на крпи и чаршафи во машина за перење во исто време е грешка што ја прават повеќето луѓе.
За да измиеме што повеќе алишта одеднаш, често ставаме се во машината. Додека одделно ги переме гардеробата и долната облека, многумина од нас имаат навика да ставаат заедно крпи и чаршафи.
Нема ништо поубаво од чиста и мирисна постелнина, но дали е навистина чиста кога ја миете заедно со крпите?
Ова е навика која треба да ја избегнувате. Дебелината и тешкиот материјал на крпите ја оштетуваат постелнината, особено чаршафите. Исто така, некои крпи може да остават многу влакна на чаршафите.
Разликата е и во тежината, бидејќи чаршафите се тенки и меки, а крпите се груби и дебели, па бараат различни циклуси на перење и сушење.