Секое лето носи нова трансфер сага, а ова лето во прв план е можниот трансфер на Хари Кејн од Тотенхем во Баерн (М).
На крајот од минатата сезона, Кејн покажа знаци дека може да го напушти Тотенхем по уште една прилично скромна сезона во која лондонскиот клуб уште еднаш не успеа да освои ниту еден трофеј.
Капитенот на Тотенхем се појави на почетокот од подготовките и на тој начин им ја врати надежта на навивачите дека би можел да остане во Лондон, но јасно е дека тоа најверојатно нема да се случи.
Долго се чекаше конечниот епилог на се за тоа дали Кејн ќе го напушти Тотенхем или ќе остане во Лондон.
Цело време Кејн молчеше и ја набљудуваше ситуацијата, а сега конечно реши да проговори и да испрати порака до челниците на Баерн (М), но и до сопственикот на Тотенхем.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Кејн испратил директна и многу јасна порака до двете страни.
„Таборот на Хари Кејн ги информираше Баерн (М) и Тотенхем за одлуката на играчот во врска со времето на трансферот. Кејн сака одлука дали ќе оди или ќе остане до крајот на оваа недела. Кејн не сака да го напушти клубот кога ќе почне новата сезона во Премиер лигата и ако одигра натпревар во првото коло, тогаш останува. Сè е повторно до Баерн (М) и Даниел Леви“, напиша Романо.