Авионот Ербас А321, кој летал од Белград за Казан, синоќа морал принудно да слета на московскиот аеродром поради проблем со притисокот на маслото во моторот.
Според руските медиуми, никој од патниците не е повреден.
Службата за вонредни состојби потврди дека имало непланирано слетување кај Шереметјево.
Според првите информации, причина за инцидентот кој се случил во текот на ноќта е активирањето на сензорот поради падот на притисокот на маслото во левиот мотор. При принудното слетување никој од патниците и екипажот не е повреден.