Богоев: Не е добро еден човек подолго да биде на едно исто место во Царина

Новиот директор на Царина, Стефан Богоев беше наш соговорник во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

Веднаш по неговото стапување на функцијата, направи измени неколку измени во кадарот на Царина. Тој откри зошто го сторил тоа.

„Главно тоа беа некои рокади од една на друга функција, но имаше и такви од кои не бевме задоволни согласно постигнатите резултати. Така на пример шефот на царинската постава на Блаце, беше префрлен во царинската постава Скопје 1, а имаше испразнето место на царинската постава на Табановце поради човекот кој за жал починал. Во секој случај имаше промени, затоа што не е добро еден човек да биде на едно исто место долго време, затоа требаат промени и чести рокади. Тоа пред се го направивме превентивно, не поради нешто нелегално“, рече Богоев.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial