Власта промовира Манифест за преговорите со ЕУ, за опозицијата тоа е испуштена шанса за консензус

СДСМ заедно со партиите од коалицијата вчера промовираа Манифест за преговорите со ЕУ, со порака дека е време за обединување. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа е испуштена можност за постигнување консензус бидејќи им се нуди веќе подготвен документ.

Како што наведуваат од владеачката СДСМ овој Манифест е на линија на политиките на партријата и е добра основа за градење единство околу иднината на земјата. Со него, посочуваат, Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

-Затоа, време  е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Политиките на СДСМ и коалицијата, за интеграција во НАТО и полноправно членство во ЕУ не се само политики за остварување на врвните стратешки приоритети и национални интереси, тоа се политики за сигурна и стабилна иднина за сите граѓани, економски напредок, развој и европски вредности. Ние сме чувари на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција, но и на заедништвото меѓу сите наши граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност. Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните, наведуваат од СДСМ.

Во Манифестот, се посочува понатаму, е јасно наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија.

-Пред нашата татковина и пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание. Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за усвојување на уставните измени и побрзо членство во ЕУ. Затоа, повикуваме на обединување околу европската иднината на земјата, а усвојувањето овој Манифест е добра основа за чекор напред кон такво обединување. Како што покажавме обединетост и во 2018 година го обезбедивме членството во НАТО, сега повторно да се обединиме и да обезбедиме членство во ЕУ, се порачува во Манифестот инициран од СДСМ заедно со партиите од владеачката коалиција.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак со став дека со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консезус бидејќи не биле вклучени во подготовката на документот.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial