ФОТО | Палто на Елвис Присли продадено за повеќе од 163.000 долари на аукција

Аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ од Велика Британија неодамна продаде палто на Елвис Присли на аукција за повеќе од 163.000 долари, пишува „Би-би-си“.

 

 

Акционерот Хенри Олдриџ ја процени вредноста на палтото пред аукцијата на 17.000 евра, а палтото го купи колекционер од Америка.

 

Палтото на „кралот на рокенролот“ било специјално сошиено за него – долго е 120 сантиметри и е направено од кожа и визон.

Присли го носел ова палто во последните години од животот, по што му го подарил на братот на неговата вереница Џинџер Олден. На палтото е прикачено писмо кое ја потврдува автентичноста на палтото, напишано од Розмари Олден, сестрата на Џинџер Олден.

„За мене, Елвис во палто од визон е олицетворение на гламурот на седумдесеттите“, напиша Олдриџ.

Фото: Инстаграм/„Хендри Олдриџ“

На истата аукција е продаден и прстен во форма на був, кој, исто така, бил во сопственост на Присли. Тој достигнал цена од 16.000 евра.

 
Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial