Барселона направи големи промени во својот тим, тренерскиот, играчкиот кадар по крајот на минатата сезона, па така за нов предводник беше избран Рожер Гримау, а досега беа доведени шпанските репрезентативци Дарио Бризуела, Вили Ернангомес и Жоел Пара.
Најновото засилување за каталонците доаѓа од НБА, играч кој своевремено беше втор пик на драфтот во 2014 година-тоа е Џабари Паркер.
Џабари треба да биде директна замена за Никола Миротиќ, осум години играше во НБА лигата за Милвоки Бакс, Чикаго Булс, Вашингтон Визардс, Атлатна Хокс, Сакраменто Кингс и Бостон Селтикс, па ако биде во посакуваната форма и ритам, шпанскиот првак ќе добие топ засилување.
Во најсилната лига на светот имаше просечни бројки од 14,1 поен и 5,5 скока.