Кошаркарската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2025 година ќе игра против Литванија, Полска и Естонија.
Квалификациите за пласман на еврошампионатот ќе се играат во три прозори – од 19 до 27 февруари, од 18 до 26 ноември 2024 година и од 17 до 25 февруари 2025 година.
Од секоја од осумте квалификациски групи пласман на Евробаскетот обездуваат трите најдобро пласирани селекции, освен во групите во кои ќе се домаќините на првенството.
Од тие групи пасошот за ЕП го визираат само двете првопласирани репрезентации.
Натпреварите ќе се играат по системот „дома-гостин“. Како домаќини, селекциите на Кипар, Финска, Полска и Летонија веќе се пласирани на Континенталниот собир.
Квалификации за ЕП
Група Х: Македонија, Литванија, Полска, Естонија.
Група А: Словенија, Украина, Израел, Португалија
Група Б: Италија, Турција, Унгарија, Исланд
Група Ц: Шпанија, Летонија, Белгија, Словачка
Група Д: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска
Група Е: Франција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Кипар
Група Ф: Грција, Чешка, Холандија, Велика Британија
Група Г: Србија, Финска, Грузија, Данска