Харадинај: Писмото упатено до САД, ЕУ и Велика Британија е знак дека Косово е на добар пат

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај им се заблагодари на претставниците на Комитетот за надворешни работи кои го потпишаа писмото упатено до високите претставници на САД, ЕУ и Велика Британија во знак на поддршка за Косово.
Харадинај на Фејсбук изјави дека писмото покажува дека определбата на Косово е евроатлантска.

 

,,Нашите достигнувања досега како земја се благодарение на помошта и координацијата со нашите сојузници, особено со САД. Овој чин е печат дека Косово е евроатлантски и дека таа посветеност ќе биде трајна“, нагласи Харадинај.

 
 
Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial