И Блерим Беџети се врати кај Али Ахмети

Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, се врати во ДУИ кај лидерот Али Ахмети, иако претходно беше еден од фронтмените на „Огнената група“.

Ахмети придружуван од Беџети посети семејство селото Буковиќ, кој е познат како истакнат активист во дијаспората, а моментот го овековечија со фотографија.

„Со претседавачот г. Али Ахмети во посета на семејството на г. Бари Демири од населбата Буковиќ, истакнат активист во дијаспората“, напиша Беџети на Фејсбук.

Беџети и Невзат Бејта беа дел од таканаречената „Огнена група“, но тие се вратија кај Ахмети и не му се придружија на Изет Меџити кој сега формираше нова политичка партијa.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial