Ковачевски бара национален консензус за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ вели – консензус требаше да бара лани

Се бројат деновите до седницата за утврдување на потребата за уставни измени закажана за 18 август. 

Премиерот Димитар Ковачевски побара национален консензус за уставните измени, кои се предуслов за одржувањето на втората меѓувладина конференција и практичен почеток на преговорите со Европската Унија. Според него потребен е национален, општествен консензус за да се  постигне стратешката цел, Македонија да стане членка на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ  останува на ставот дека консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен и дека  единствено е можен консензус за избори. Според нив Ковачевски консензус требало да бара лани кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифатиле.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial