СДСМ: Исполнето е секое барање на Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ: Одиме на избори..

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени, бидејќи, како што рече портпаролот на СДСМ, исполнети се сите барања на Христијан Мицкоски вклучувајќи го и тоа за оставка на министрите на ДУИ кои ќе стапат на сила по изгласувањето на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ уставните измени ги нарекува начин на власта за добивање на време и останување на власт што подолго, бидејќи, како што рече портпаролот на оваа партија, владата знае дека го нема потребното мнозинство за уставните измени.

Пред околу 10 дена, во Комисијата за уставни прашања се усвоија заклучоците за постапување по уставите измени, каде ВМРО-ДПМНЕ гласаше против. За на 18 август закажана е дебата за потребата од уставните измени. Собранискиот спикер, Талат Џафери најави дека доколку не се обезбеди 2/3 мнозинство , ќе го одложи гласањето.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial