Пендаровски и Вучиќ во Прохор Пчински…

„Изгреј зора на слободата“

Со овие стихови започнало заседанието на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Денеска, по 79 години на истото место се сретнаа македонскиот и српскиот претседател Стево Пендаровски и Александар Вучиќ.

Претседателот Пендароски е со европски разбирања, тој не бакнува рака, јас сум од нашите, српски.

„Јас сум половина Балканец“

По билатералната средба и двајцата претседатели ги потврдија исклучителни односи кои постојат меѓу двете земји. Пендаровски посочи дека тоа што манастирот сега се наоѓа на туѓа територија не значи дека Македонците не треба да доаѓаат и да го празнуваат најголемиот државен празник, а со тоа да им оддадат почит на оние кои го направиле тој државотворен чин.

„Кога на територија на друга држава ве пречекува претседателот на таа држава, за чин кој е од најголемо значење за вас, за вашиот народ и за вашата држава, ништо друго освен големо благодарам за претседателот Вучиќ. Минатата година реков, драго ми е и што оваа се потврдува и се надевам дури сме живи, за век и веков како што велиме, ќе остане така и ова да биде една добра традиција која нема да се прекинува од политички, црковни или било какви други причини“, вели Стево Пендаровски.

Вучиќ пак рече дека бил воодушевен кога утрово видел луѓе кои зборуваат на македонски јазик, додавајќи дека двете држави се пријателски со братски односи, а доказ за тоа била трговската размена од 1,5 милијарди годишно.

„Јас немам проблем со тоа, гледам како Стево ги одбира зборовите како модерен европски претседател, па се тоа спакувано во некоја фолија, па да внимава дали ќе го каже овој или оној збор, јас не сум за тоа, јас сум за овој балкански простор. И навистина така мислам. И нема да ги мерам ситниците, како што тој ги мери“, рече Александар Вучиќ.

А Вучиќ се пофали дека научил и македонски јазик.

„Нека ви е честит и вековит Илинден, огниште на татковината и ви посакувам среќен празник и да секогаш се чувствувате добредојдени и навистина е така, било каде на територија на Србија“, порача Александар Вучиќ.

По завршувањето на обраќањето пред медиумите двајцата претседатели, Пендаровски и Вучиќ заминаа во Врање каде на што повторно ќе разговараат за заедничките односи меѓи двете држави.

А. Вучиќ„Рековте дека нема прашања“

С. Пендаровски„Нема?!. Поздрав“.

А. Вучиќ: „Па твоите од протокол рекоа да нема…Мене тоа не ми е проблем. Јас едвај чекам некој ного…Едвај чекам. Ајде поздрав…“

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial