Според украинските власти, ова напад е осми последователен напад на Киев, како и 820. по ред напад врз главниот град од почетокот на руската инвазија во 2022 година
Украинските власти соопштија дека во текот на ноќта руските сили извршиле нов „масовен“ напад со беспилотни летала врз Киев, но дека собориле околу 15 дрона кои се движеле кон украинската престолнина.
„Силите за противвоздушна одбрана уништија околу 15 воздушни цели на приодот кон Киев. Според информациите во овој момент, нема жртви или уништување во главниот град“,
изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.
Според украинските власти, ова напад е осми последователен напад на Киев, како и 820. по ред напад врз главниот град од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Во последните денови од војната, според украинските власти, руските сили не напредувале долж линијата на фронтот, туку се позиционирани во силно минирани области што ги контролираат, што го отежнува движењето на украинските војници на исток и југ.