Напиток којшто спречува надуеност: Ќе ви помогне да ја регулирате…

Надуеноста после јадењето и чувството дека храната стои во желудникот „како камен“, чувството на тежина после обилниот оброк, киселини, мачнини или опстипација, се само дел од бројните симптоми кај луѓето кои имаат проблем со варењето на храна.

За среќа, тука е и напитокот којшто може да помогне во регулирање на системот за варење, да ја поттикнете елиминацијата на токсини и вишок течност од организмот и да ја намалите надуеноста.

Состојки:

– 1 литар вода;
– 1 корен од ѓумбир (околу 4-5 сантиметри);
– 5 ловорови лисја;
– 2 црвени грејпфрути;
– 1 лимон;
– 1 лимета.

Подготовка:

Ѓумбирот исчистете го, па исечкајте го на помали парчиња и ставете го во водата. Додадете го ловоровиот лист и оставете да зоврие, па варете околу 7-8 минути.

Течноста тргнете ја од оган, оставете да се излади на собна температура, па додадете ги свежи цедените сокови од лимон, лимета и грејпфрут. Доколку немате лимета, ставете сок од два лимони.

Ќе добиете повеќе од литар напиток којшто може да го пиете во текот на целиот ден. Веќе после одредено време ќе почувствувате дека тежината се намалува и дека тежината од стомакот ја нема.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial