Дали е ова последниот автомобил што ќе се вози на бензин?

Во општиот тренд на електрификација, има сè помалку модели кои нудат класичен мотор со внатрешно согорување, напојуван исклучиво на бензин.

 

Атаа понуда ќе биде помала и поретка. За жал, тоа е и поскапо. Еуро 7 ќе ги направи пониските класи неисплатливи во комбинација со класичните бензински мотори, па понудата на модели со класичен погон за многумина ќе стане недостижна.

За да не им снема опции на добростоечките возачи, ќе се погрижи Порше. Иако неволно ја прифати електрификацијата, еден модел останува во класичната гама со бензински мотор. Тоа е, погодувате, моделот 911 што е невозможно да се замисли во која било друга комбинација.

Porsche ќе го задржи класичниот 911 што е можно подолго, а тоа го потврди и Карл Думс, одговорен за развој на е-гориво во Porsche. Сегашната генерација (992) го чека својот прв значаен редизајн, а се шпекулира дека по 2025 година 911 би можел да добие и верзии со хибриден погон со самополнач.

Porsche сака да постигне удел на електричните модели во продажбата од дури 80% до 2030 година. Моделот 911 учествуваше со 13% од продажбата на Porsche во 2022 година. Значи, математиката е јасна, во Порше пресметуваат дека 911-ката ќе остане како последен бензинец, а со е-гориво ќе заштеди.

За потсетување, следното електрично Porsche е 718 Boxster/Cayman, а потоа следат Macan и Cayenne. Во исто време, последните два модели во понудата ќе ги задржат опциите за бензин уште неколку години.

 
Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial