Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико имаше уникатно викенд-искуство.
Тој го посети Формула 1 тимот Мерцедес, а таму имаше интересна средба. Имено, Вуков се сретна и запозна со првиот оперативец на шампионскиот Мерцедес, Тото Волф. Се работи за човекот кој го водеше тимот до најголемите успеси и многуте трофеи со Луис Хамилтон во болидот.