Трагедија во Србија: Момче загина од струен удар, пред 9 дена на ист начин починал и неговиот дедо

Семејството на малолетното момче (13) кое синоќа загина во Бачка Паланка од струен удар, пред нешто повеќе од една недела загуби уште еден член при невреме, на ист начин.

Трагедијата се случила поради електрични кабли кои виселе на куќата, а според неофицијални информации детето се фатило за каблите и тогаш се случила трагедијата.

„Брзата помош добила повик во 23:12 часот, а на терен излегле во 23:15 часот. Со оглед на тоа дека се било под напон, повикани се и пожарникарите и исклучена е струјата за да може да му се пријде на момчето“, наведуваат локалните медиуми и додаваат дека по пристигнувањето на местото лекарите се обиделе да го реанимираат момчето, но без успех.

Една недела претходно, на 22 јули, за време на невремето во Србија, загинал З. Ж. (66), инаку дедо на малиот.

„Тој се обидел да го извади кабелот кој паднал во дворот од неговата куќа и починал на лице место од струен удар.

Инаку, жителите на Бачка Паланка наведуваат дека несреќата се случила во близина на училиштето, а на градските власти со години им укажуваат дека исти и слични проблеми има и на други места.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial