Николај Костов: Стекнавме самодоверба, се надевам дека ќе продолжиме со победи

Еден од најтрофејните бугарски клубови, Левски од Софија, направи голем чекор напред кон пласман во третото коло од квалификациите на Конференциската лига, откако славеше со 0-2 во Скопје против Шкупи. 

Тренерот на гостите, Николај Костов, ја коментираше победата против Шкупи во Скопје.

„Имаше борба од првата до последната минута, исклучително тешка и исцрпувачка средба за нашиот тим. Заслужено победивме. Имав чувство во еден момент дека сме непобедливи. Не беше идејата да се игра таков фудбал. Драго ми е што победивме, резултатот е исто така добар. Стекнуваме самодоверба, се надевам дека нема да престанеме да победуваме.

Очекувам дека ќе бидеме многу сериозни во реваншот. Во модерниот фудбал се случуваат неверојатни пресврти и мора да се подготвиме што е можно подобро“, рече Костов.

Македонските клубови имаат катастрофален биланс против бугарските клубови во евро-куповите и на Шкупи ќе му треба подвиг за пласман во следната рунда. 

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial