Каде исчезнаа кината? Во „Лабораториум“ се дискутираше за културната инфраструктура пред Скопје 2028

Прашањето „Каде исчезнаа кината?“ беше појдовна точка за разговорот за состојбата со киноприкажувачката инфраструктура во Скопје, во град кој има активна филмска сцена, фестивали, автори и публика, но сè помалку места каде што филмот може континуирано да се гледа како културно искуство.

Недостигот од активни киносали, условите за редовно прикажување филмови и иднината на кинокултурата во Скопје беа во фокусот на панел-дискусијата „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“, која вчера се одржа во „Лабораториум“.

Прашањето „Каде исчезнаа кината?“ беше појдовна точка за разговорот за состојбата со киноприкажувачката инфраструктура во Скопје, во град кој има активна филмска сцена, фестивали, автори и публика, но сè помалку места каде што филмот може континуирано да се гледа како културно искуство.

На дискусијата беше посочено дека ограничената достапност на киносали директно влијае врз можностите за прикажување на домашна, европска и независна кинематографија, но и врз развојот на филмската публика.

Особено значајно е прашањето за инфраструктурата во контекст на Скопје 2028 – Европската престолнина на културата. Градот во наредниот период треба да размислува не само за фестивалски и еднократни настани, туку и за тоа каква културна инфраструктура ќе остане и ќе функционир