АНАЛИЗА: “Внатрешниот“ долг на државата се доближи до 700 милиони евра

На квартално и на годишно ниво, пораст на “внатрешниот “ долг на државата, на крајот на првото економско полугодие доспеаните а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700 000 000 еврa, Според податоците од новата “должничка“ листа на Министерството за финансии , државните железнички компании го зголемиле а државните енергетски компании го намалиле долгот.

Долгот кон приватниот сектор, невладините и граѓанските организации надмина 315 000 000 евра

Пораст на доспеаните а неплатени обврски кон јавниот сектор и кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и невладините организации, новите податоци за состојбата со внатрешните обврски покажуваат дека на крајот од јуни годинава се тие се зголемени и во однос на првиот квартал и во однос на истиот период лани. Намалување на должничкиот износ има кон странство и кон физички лица.

На крајот од јуни доспеаните обврски достигнаа  692 523 113 евра и според пресметката на “Порталб“, за шест месеци или во однос на крајот на декември 2025 та, тие се зголемени за 26 370 000 евра. Пораст на доспеаните а неплатени обврски има и на квартално ниво, за дури 17 550 000 евра додека пак во однос на лани истиот период долговите се зголемени за скоро 3 000 000 евра.

Доспеани а неплатени обврски

Јуни 2026                    692 523 113 евра

Март 2026                   674 979 750 евра

Декември 2025           665 803 009 евра

Јуни 2025                    689 677 466 евра

Извор : МФ