Антонели ќе почне последен на трката во Монца

Возачите во текот на сезоната имаат на располагање по четири погонски единици, но поради проблемите со сигурноста германскиот тим уште претходно најави дека било само прашање на време кога Антонели и Џорџ Расел ќе го надминат дозволениот број.

Младиот Италијанец веќе ја достигна границата кога станува збор за V6 моторите и издувниот систем, додека Расел нема простор за маневрирање со моторот со внатрешно согорување или турбополначот.

„Кога станува збор за Кими, ќе замениме сè. Во теорија, нашите пресметки покажуваат дека ова е најдобрата патека за нас за да ја одработиме казната. Јасно е дека нашите алгоритми не ја земаат предвид нечија националност, но мораме да се бориме за титулата и затоа мора да го направиме ова“, изјави шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф.

Со ова Волф ги отфрли шпекулациите дека во Мерцедес размислувале да ја одложат промената бидејќи следува домашната трка на Антонели.

И Расел во одреден момент го очекува казна, но германскиот тим сè уште нема одлучено на која трка ќе ја одработи. Британецот ја активираше својата четврта погонска единица во Унгарија, на последната трка пред летната пауза, која заврши минатата недела.