Сити продаде уште еден играч на ривал од Премиер лигата

Манчестер Сити се збогуваше со Пеп Гвардиола, а заминувањето на Шпанецот значеше започнување на нова ера и тоа во буквална смисла ако се земе предвид се што се случува во екипата во овој преоден рок.

Тимот го презема Енцо Мареска, а во изминатиов период беа направи многу влезни и излезни трансфери. Можеби изненадување е тоа што Сити одлучи да се збогува со доста играчи и тоа пред се на средината на теренот, па ако на пример не можеше да се спречи заминувањето на Силва и Родри, клубот лесно се откажа од Рајндерс кого го ангажирае минатата сезона, а сега „Итихад“ ќе го напушти и Нико Гонзалес.

Последните информации се дека 24-годишниот Шпанец се сели во редовите на Њукасл и тоа за сума од 50 милиони фунти, сума во која се вклучени и бонуси.

Нико е дете на Барселона, ас кој настапуваше уште во Порто и Валенсија, па со своето знаење, квалитет сигурно ќе има што да покаже во новиот проект во реновираниот Њукасл.